Renault претстави ЕВ автомобил со цел да постави рекорди за автономија
Во својата историја Renault има неколку рекордери, но сега не ја брка брзината, туку километрите поминати со едно полнење на струја.
Со ретро-футуристички прототип Filante, французите претставија нова „лабораторија на тркала“, со која сакаат да ја зголемат автономијата на своите ЕВ благодарение на аеродинамиката и малата тежина. Целата прикаска започнува од историјата, а кој не ја знае својата историја, нема што да бара во иднината.

Инспириран е од рекордните прототипи на Renault од минатото вклучена е најновата технологија за оптимална аеродинамика и помала тежина, што придонесува за поголема ефикасност. Filante Record 2025 ја продолжува крвната линија на прототипи за рекордни брзини од Renault како што се 40 CV des Records (1925), Nervasport des Records (1934) и Étoile Filante (1956).

Проектот е резултат на соработка помеѓу Renault и Ligier Automotive. Едноседот е долг 5,12 метри и висок само 119 цм со рационализирана форма инспирирана од аеронаутиката. Дизајнот е заснован на нумерички симулации, но инженерите наскоро ќе извршат дополнителни тестови во аеродинамичниот тунел за конечни прилагодувања. Карактеристиките како што се тркалезните LED фарови и опашката во облик на перка се јасно наклонети кон минатото, како и кај тркалата кои се одвоени од каросеријата.
Се вели дека пневматиците влијаат на автономијата за околу 20%, поради што Renault избра прилагоден пневматик од 19 инчи за намалување на триењето од Michelin. Футуристичкиот кокпит е инспириран од авијацијата и вселенските патувања. Мерките за заштеда на тежина одиграа важна улога во развојот.
Шасијата е направена од алуминиум, јаглеродни влакна и челик, при што инженерите ја намалуваат употребата на материјал колку што е можно повеќе. Како резултат на тоа, демо-автомобилот тежи 1.000 кг, и покрај фактот што само батеријата тежи 600 кг! Таа е со капацитет од 87 kWh и поставена е под нозете на возачот.
Filante Record 2025 ќе го направи своето деби на автомобилскиот саем на Rétromobile во Париз на 5 февруари. Тоа е автомобил за покажување и најава за идните технологии кои Renault ги развива за своите сериски ЕВ. Кој знае, можеби Renault ќе нé изненади со објава за некој срушен рекорд, овој пат во автономија, не во брзина.