Renault дава повеќе бои

Занимливости насловна

Историјат на шаренилото

Кои се најпопупуларните бои за автомобили и каде одат трендовите?

објавено 19. април 2021

Иако понудата на бои на автомобилите секој ден се збогатува, така наречените неутрални бои како што се бела, црна и сива многу се истакнати кај новите купувачи. Заклучокот е јасен: во последните 10 години од автомобилската индустрија доминираат монотони, или еднолични бои. Според извештајот на компанијата Аксалта, водечки снабдувач на боја за автомобилската индустрија, 70% од продадените модели во светот се во овие колорити. Ако погледнеме поблиску, најпопуларната боја е бела (вкупно 38% продадени нови возива низ светот) потоа е црната (19%) и на крај доаѓа сивата со (15%).

По завршетокот на втората светска војна автомобилската индустрија во Европа продолжила со произведување на возила со неутрални бои. Но Renault одлучил да покрене револуција со која ќе стави крај на таа монотонија. Се почнало во 1950 со посетата на главниот директор на GM кога забележал дека моделите на Renault се малку темни. Треба да напоменеме дека САД први ги освоија купувачите со светло обоените автомобили, од зелена во боја јаболко розева. Од тогаш внесена е ведрина со извонредно богата понуда на боја. И тоа очигледно  успева бидејќи францускиот гигант продавал за 10% повеќе автомобили во пастелни бои од останатите фирми. Паул Марот, талентираната и докажана дизајнерка на текстил, предложила да се прилагодат на желбите на клиентите во тоа време. Токму таа е одговорна за разновидноста на палетата на бои на Renault, што го прослави моделот Dafin кој во свое време беше достапен во 30 пастелни бои, што беше преседан во сегментот. Пола Марот е одговорна за основањето на дирекцијата на Рено за дизајнирање на бои и декоративни елементи.

Долго време провладувале неутралните бои, па затоа Renault, одлучи да истакне нешто пошарена понуда во однос на другите произведувачи. Со првата генерација на Renault Twingo Renault го прекна трендот на монотони бои. Кога првото Twingo пристигна во салоните во март 1993 година, беше достапен во четири бои: ултрамарин сина, корална црвена, коријандер зелена и индиска жолта боја. „Жаба“, како што го нарекуваа, го одбележа своето време. Овој модел никогаш не бил понуден во бело! Од друга страна, Renault Captur голем дел од успехот им го должи на богатите опции за персонализација, па не е изненадување што дури 80% од продажбата е направена во двобојни верзии. Сега е сосема нормално да се има понуда во 90 опции за персонализација на екстериерот, што е вистинска предност за возачите кои сакаат да ја изразат својата единственост на овој начин. Бојата е обично второто прашање што некој ќе ви го постави кога купувате автомобил. Првото е кој е моделотот, а второто каква боја е тој? Каква е иднината на бојата? Верен на својата филозофија, Renault повеќе од кога било се посвети на боите на своите актуелни модели и со нив сака да донесе живост и спокојство на улиците. Играњето со бои, текстури и нијанси добиени со помош на технологија која, исто како и модата и трендовите, постојано се развива! Приказната за боите ќе продолжи со моделите што ни доаѓаат …