Новиот Clio е дизајниран да освојува и натанкан е со стил и технологии
На средбата во салонот на Аутомотив Груп само ги потврдивме впечатоците што ги добивме на неговата светска премиера во Минхен на Мобилити шоу пред пет месеци.
Најдобро продаваниот модел на Renault ја слави својата шеста генерација, со поаглест изглед и суперекономични погонски групи. Потполно изменет, Clio сега пред сé е енергичен и делува некако гордо со новиот препознатлив стил кој го одразува модерниот пристап на марката.
Новиот Clio располага и со во секој поглед унапредени погонски групи. Сосема новиот хибриден 1,8 литарски E-Tech мотор од 160 KS има комбинирана потрошувачка од само 3,9 литри на 100 km и рекордно ниски 89 g/km јагленород диоксид.
Или, поинаку кажано, овозможува заштеда на гориво до 40% во споредба со конвенционален бензинец бидејќи го користи електромоторот до 80% време во градско возење. Стартот во понудата го чини 1,2 литарскиот трицилиндричен турбо агрегат со 115 KS додека за еколошкиот карактер придонесува и Eco-G моторот со 120 KS кој работи на автоплин.
Во внатрешноста посебен фокус е ставен на квалитетот и користењето рециклирани материјали. Затоа и во зависност од опремата инструмент таблата е покриена со ткаенина. Има двоен екран со OpenR Link мултимедиски систем со интегрирани услуги на Google.
За помош на возачот се грижат 29 современи електронски асистенти а амбиентално осветлување е со 48 бои. Цените не се уште формирани, но увозникот нагласува дека за првите примероци ќе биде обезбедена промотивна цена.


