Покрај со Geely, Renault сака соработка и со Chery во Јужна Америка
Дали е на повидок ново партнерство? Според неименувани извори Renault и Chery преговараат за можностите за заедничко производство и продажба на возила во Јужна Америка. Плановите конкретно се насочени кон фабриките на француската компанија во Колумбија и Аргентина во кои Chery би ги произведувал своите автомобили. Дел од нив би биле ребрендирани како Renault а дел би се продавале како Chery, и едните и другите преку продажната мрежа на француската компанија. Кинезите конкретно би ја користеле фабриката во Колумбија за производство на автомобили со мотори со внатрешно согорување, а онаа во Аргентина за плаг-ин хибридни пикапи. Разговорите започнати уште од Лука де Мео се во фаза каде се договара финансирањето кое би требало целосно да биде со кинески пари. Потенцијалната соработка меѓу двете компании не би влијаела на заедничките проекти со Geely во Бразил кои главно се однесуваат на електрични возила.


