Renault Bridger Concept – Мост кон новите пазари

Новите ветени пазари, смета Renault, се Индија, Африка и Блискиот Исток. Bridger е втор модел кого го најавуваат французите посветен на нив.

Можеби малку изненадувачки е силната посветеност на Renault кон новите пазари на кои сака да се наметне како премиум марка. Тоа го направи со Filante, а сега го потврдува и со малиот кросовер Bridger.

Како што најавуваат од компанијата, Bridger е насочен кон пазарите во развој каде што погонот на согорување сè уште доминира а хибридот полека се пробива, иако платформата може да поддржува и целосно електричен погон.

На вкупна должина пократка од четири метри, Renault ветува изненадувачки пространа кабина, со до 200 мм простор за колената на задниот дел и багажник од 400 литри. Дизајнот изгледа намерно робустен.

Фотографиите откриваат квадратни пропорции и резервно тркало монтирано на задниот дел, што веднаш потсетува на теренско возило. Дали навистина може да се справи со сериозни безпатија, останува да се види кога ќе дојде на споменатите пазари во 2027 година, но визуелно дефинитивно се потпира на изгледот на цврст теренец.

Renault вели дека концептот е најава за иден производствен модел кој ќе игра клучна улога во меѓународните планови за проширување на брендот. Серискиот модел наводно ќе биде дизајниран и развиен во Индија, веројатно во фабриката во Ченај, но не очекувајте да го видите во европските салони. Претстојниот теренец е наменет првенствено за пазари како Индија, Африка и Блискиот Исток.

Деталите за погонскиот склоп сè уште не се целосно откриени, но Bridger ќе биде поставен на малата модуларна платформа на групата RGMP Small. Архитектурата е дизајнирана да поддржува повеќе погонски системи, што значи дека производната верзија ќе се нуди со согорување, хибридни или целосно електрични погони во зависност од пазарот.

Во регалот на Renault има неколку мотори. Основниот со три цилиндри и еден литар зафатнина кој произведува 100 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач е првиот на располагање.

Следен на менито е 1,3 литарски турбо четирицилиндричен мотор со 160 КС, овој пат поврзан со шестстепен автоматски менувач со двојна спојка, а водечкиот модел има 1,8-литарски хибрид со два електрични мотори кои испорачуваат 158 КС.

Но ова е само логично шпекулирање. Вистината ќе ја дознаеме кога Renault ќе ја претстави производствена верзија на концептот Bridger во 2027 година, почнувајќи во Индија пред постепено да го претстави на други меѓународни пазари. Малку фрустрирачко сознание е дека овој мал теренец никогаш нема да го добиеме во Европа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER