На европскиот трон
Renault Austral е избран за победник на „AUTOBEST 2023“, европско признание за автомобил што пружа најмногу за парите во Европа во 2023 година.
Со вкупно 14.937 поени, Renault Austral се најде на првото место со удобно растојание во однос на новата генерација на Opel Astra со 13.986 поени. Новиот Peugeot 308 се најде на третото место со вкупно 13.933 поени, само 53 поени помалку од вицешампионот на конкуренцијата AUTOBEST 2023. Деталните резултати ќе бидат наведени во делот за Конечно рангирање на www.autobest.org. По трет пат, AUTOBEST успешно го организираше завршниот тест во Теесдорф, Австрија, на крајот на ноември. Ова издание доаѓаше откако првите две беа организирани под многу тешки санитарни услови поради пандемиските времиња, при што Австрија беше во целосна блокада.
Како првото издание организирано без пандемиски ограничувања, огромното мнозинство од членовите на жирито на AUTOBEST учествуваа на многу успешни сесии за возење на пат и на патека. Имајќи ја професионалната помош од нашите пријатели од полигонот OAMTC во Teesdorf, AUTOBEST успеа да го организира најкомплексниот сет на тестови достапни во автомобилските медиуми денес. 22-та гала на наградите AUTOBEST ќе се одржи на 11-ти мај 2023 година во Ротердам, прв пат Холандија. Европското жири AUTOBEST им се заблагодарува на читателите од цела Европа за охрабрувањето на проектот и на различните сектори за односи со јавноста одговорни во автомобилската индустрија за обезбедување на сета поддршка при организирање состаноци и тестови за возење на новите производи.


