Renault – Austral

Вести насловна

Глобални амбиции

Пред неполна година Renault најави дека ќе направи ресетирање на компактниот крос-овер.

Наместо да најави нова генерација, Renault реши да направи темелна промена во редовите на компактната класа. Kadjar заминува во пензија, а неговиот наследник Austral ќе биде промовиран во текот на годинава. За да биде сѐ во најдобар ред кога ќе се случи тоа околу 100 прототипови ќе поминат околу два милиони километри на европските патишта и тест патеки во наредните месеци. Компактниот крос-овер има модифициран, целосно електрифициран опсег на погони.

За прв пат се тестира нов 48-волтен благ хибриден систем, кој е поврзан со 1,2 литарски мотор. Новите мотори наменети за Austral, покрај моќноста до 200 КС имаат ниска емисија на CO2. Покрај електрифицираната палета на погони, во фокус се и новоразвиената платформа и финото прилагодување на системите за помош на возачот, намалувањето на бучавата и удобноста на подвозјето. Тест-возењата ќе се одвиваат во Франција, Шпанија, Германија и Романија. Целиот проект ќе опфаќа возење 1,4 милиони километри на затворени рути и 600.000 километри во реални услови на јавни патишта.