Дрон за француската армија
На барање на француското Министерство за вооружени сили, групацијата Renault е поканета да придонесе со својата експертиза во развојот на француската индустрија за беспилотни летала. Под капата на Renault ќе биде дизајнирањето, индустријализацијата и масовното производство на високотехнолошки летечки објекти, контролирајќи го квалитетот, трошоците и роковите. Во проектот за беспилотни летала ќе бидат вклучени уште две специјализирани компании во координација Француска агенција за набавки за одбраната. Дроновите Aarok ќе се произведуваат во фабриката на Renault во Ле Ман, а првите беспилотни летала ќе бидат испорачани за помалку од 12 месеци.


