Се засилува напонот
Лука Де Мео најави електро бум за следната година
објавено 30 октомври 2020
Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi како да е сконцентрирана на францускиот член. Тоа ниту го потврди, ниту го демантира првиот човек на Renault Лука Де Мео кој најави премиера на три хибридни возила на марката за идната година. Во центарот на внимание беше претставувањето на ревијалниот автомобил Renault Mégane eVision, кој претставува конкретен изглед на новиот компактен модел на Renault со батерија кој треба да се појави наредната година. Renault целосно го искористи потенцијалот на новата платформа на алијансата СMF-EV, вели Де Мео. „Со најтесната батерија на пазарот, каросерија која е долга само 4,21 метар и нуди простор на возило од C-сегмент, Mégane eVision е компактно ремек-дело. Mégane eVision го интерпретира начинот на кој Renault ќе се развива. Следува нова генерација на иновативни електрични возила. Студијата Renault Mégane eVision најавува ново, електрично компактно возило што ќе постави нови стандарди во погонот, батеријата и технологијата за полнење во 2021 година. Капацитет на батеријата од 60 kWh, излезна моќност од 217 коњи и можност за брзо полнење со еднонасочна струја гарантираат одлични стартни позиции. Дизајнот комбинира елементи на теренец и хечбек модел. По лансирањето на пазарот на трите електрифицирани E-Tech модели Captur Plug-in Hybrid, Mégane Grandtour Plug-in Hybrid и Clio Hybrid, што веќе започна на некои пазари, Renault ќе го прошири својот асортиман за да вклучи уште три хибридни модели: SUV купе Renault Arkana и кросоверот Renault Captur ќе биде достапни во хибридната верзија E-Tech 140 следната година. Покрај тоа, E-Tech Plug-in 160 Mégane со пет врати го надополнува хибридниот асортиман.


