Renault разочаран ☢ Така е кога свекрвата ќе се замеша!

Така е кога свекрвата ќе се замеша!

Објавено на 6 јуни 2019 година

Бракот меѓу Fiat Chrysler и Renault пропадна уште пред са се склучи, на жалост и на младоженецот, и на невестата. Кој требаше да биде кој во приказнава не дознавме, но едно е сигурно – се замеша свекрвата. Колку и да звучи ова шовинистички или етикетирано на било кој друг начин поинаку, понатаму не треба ништо да се каже бидејќи и во соопштенијата на Fiat Chrysler, а сега и на најновото од Renault истото тоа е јасно кажано, само на повеќе или помалку политички коректен начин. Најпрво во ноќешното соопштение за јавноста од итало-американската групација недвосмислено беше искажано дека како причина за прекинувањето на разговорите со Renault за виновници ги сметаат политичарите. Притоа не пропуштија да се заблагодарат на своите директни и индиректни партнери во разговорот – групата Renault, нејзиниот претседател и директорот, но и на партнерите во алијансата Nissan и Mitsubishi за конструктивниот приод. А пред кратко време стигна и одговорот од Renault, од каде е искажано жалење што не се во можност да продолжат со понатамошно разгледување на предлогот на Fiat Chrysler, истовремено заблагодарувајќи им се на нивните напори и навремениот и логичен пристап кој може(ше) да донесе големи индустриски и финансиски заслуги кои би резултирале со креирање на нова европска авто-индустриска велесила.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER