Renault – Планови со висок напон

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Десет месеци пред комерцијалното лансирање на R 5 E-Tech Electric, Renault ги дава првите „трошки“ за него

Ерата на електрични модели што допрва ќе ја започне Renault е препуштена на својата, за оваа намена оформена филијала,  Ampere. R 5 E-Tech Electric ќе се појави на пазарот на есен следната година, но своето деби ќе го има на Саемот за автомобили во Женева на крајот на февруари.

Возилото е долго 3,92 метри и има опсег на WLTP до 400 километри со батерија од 52 kWh. Подоцна ќе има и помала батерија со 40 киловат часови. Во горниот дел од хаубата, индикаторското светло за полнење го заменува доводот за воздух на историскиот модел.

Се пали како број „5“ кога возилото е целосно наполнето. Renault 5 E-Tech Electric, кој визуелно му се поклонува на својот претходник објавен во 1972 година, е дизајниран за двонасочно полнење и е првото возило што е изградено на новата платформа AmpR Small. Почетната цена треба да биде околу 25.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER