Renault – Нов бран

Вести Поглед во иднината

Возбудлив пет годишен план

Трансформација инспирирана од минатото и подржана од технологијата

објавено 15. јануари 2021

Renault преминува во нова ера и започнува со сопствен Nouvelle Vague (нов бран), сакајќи да внесе модерност на европската автомобилска сцена. До 2025 година, ќе бидат лансирани 14 основни возила. 7 ќе бидат целосно електрични, 7 ќе бидат во C/D сегментот додека сите нови модели ќе имаат електрична или хибридна верзија. Стратешкиот план за следните пет години е наречен ”Ренолуција” бидејќи Renault ќе стане технолошки, услужен и чист бренд. Што се однесува до конективната технологијата, ќе се искористи „Софтвер Републик“, отворен систем посветен на софтвер, податоци, компјутерска безбедност и микроелектроника. Лидерската позиција во сегментот на електричните возила љубоморно се чува веќе 10 години и продадени повеќе од 300.000 возила. Во пет годишниот план кого го презентира Лука де Мео, новиот кормилар на групацијата Renault, се истакнуваат три основни столба на кои ќе се гради иднината на марката. Тие се техника, услуги и чист бренд за околината во што се вклучени и процесите на производство. Душата на брендот е во нејзините корени. Како можен смер на развој на изгледот на моделите послужи Prototype Renault 5 како реинтерпретација на култната ”петка” и зема силни карактеристики од оригиналниот дизајн. Во духот на модерното време предвиден е електричен погон и батерија со солиден капацитет да ги следи потребите на возачите.