Škoda Нирбургринг :: Рекорд каков немало

Рекорд каков немало

Објавено на 25 јуни 2018 година

На средината на месецов легендарниот Нордшлајфе мораше да биде ослободен – Škoda имаше закажано соборување на рекорд. Категоријата беше малку чудна – за SUV со 7 седишта, но сепак рекорд си е рекорд. Него го постигна Забине Шмиц, која се смета за специјалист за зелениот пекол. Таа освен што е единствена жена која има освоено победа на 24-часовната трка на оваа патека, на неа има извозено и околу 30.000 круга. И возилото беше чудно – големиот Kodiaq зад чија vRS ознака се крие дволитарски дизел со два турбо компресора, 240 коњски сили и 500 њутн-метри. Во комбинација со DSG менувач и погон на сите тркала, тој го помина 21-километарскиот круг за нешто помалку од 9 минути и 30 секунди. Со овој мудар потег Škoda на најкомплицираната патека во светот успешно ги демонстрираше перформансите на семејниот кросовер.

Škoda Kodiaq RS Овој модел на Škoda својата премиера ќе ја има есенва, на салонот на автомобилите во Париз. Ќе биде достапен во верзии со 5 и 7 седишта, по цена која се очекува да се движи од 46 илјади евра па нагоре. Неофицијално, до 100 километри на час забрзува за 6,5 секунди. Аеродинамичниот пакет дополнет со црна маска, црвени сопирачки клешти и спортски издувен систем ќе го разликуваат од обичните верзии на Kodiaq. Исто и модификуваното ослонување и дотераниот ентериер со спортски седишта и управувач. Škoda во моментов има само еден RS модел во понудата – тоа е Octavia во седан и караванска изведба.

Škoda Kodiaq RS

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER