Range Rover Sport – Претставен на домашните сладокусци

Во име на престижот и перформансите

Македонска премиера доживеа последниот производ од луксузната британска марка, новиот Range Rover Sport. Во присуство на многу поклоници на престижните теренци амбиентот беше онаков како што доликува на еден премиум производ.

Исто како и на светската, новиот Range Rover Sport дебитираше на македонската сцена на дело и во акција, со прикажување на ултимативниот предизвик снимен во Исланд, на најголемата брана од ваков вид во светот. Ваквиот пристап се очекува од основоположникот на класата давајќи јасен континуитет на „семејните вредности“. Ако дизајнот на каросеријата можеби не е визуелно спектакуларен, тоа е платформата. Range Rover Sport како основа ја користи MLA Flex, платформа која значително ја подобри торзионата цврстина на возилото. Покрај тоа, меѓуоскиното растојание е зголемено за 75 mm, а со тоа и понудата на простор во кабината. За разлика од луксузниот Range Rover, Sport е повеќе ориентиран кон возачот и динамичното возење и поради тоа, меѓу другото, е поблизок до подлогата за 20 mm.

Третата генерација на Range Rover Sport е полна со технолошки иновации и подобрувања, од погон на сите тркала, адаптивна воздушна суспензија, независни системи за дистрибуција на вртежениот момент па до приклучниот хибриден погон со кого може да се поминат повеќе од 80 km со едно полнење. Новиот Range Rover Sport можете да го запознаете одблиску салонот на Automobili Group на улица Скупи.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER