Range Rover – Нова моделска година

Поголема моќност и оптимизирани технологии

За новата моделска година 2024, која кај Range Rover започнува во јуни, направени се мали, но значајни подобрувања.

Двата приклучни хибриди добија нов електричен мотор од 160 kW. Во комбинација со три литрениот шестцилиндерски бензинец, моќноста на двете варијанти се зголеми за 17 КС. Сега „послабата“ изведба има 460 а посилната верзија 550 коњи и ја носи ознаката P550e.

Двата модели сега забрзуваат чисто електрично од 0 до 100 km/h за пет секунди, а зголемен е електричниот циклус на 121 километар, осум километри повеќе од претходно. Има новости и кај врвните мотори. 4,4 литарскиот V8 твин-турбо бензинец е достапен за прв пат со блага хибридна технологија.

Од друга страна, осумцилиндричната единица во Range Rover SV е достапна во уште помоќна верзија со 615 КС и максимален вртежен момент од 750 Nm. Зголемувањето на моќноста е придружено со оптимизирана технологија, како што е подобрен инфозабавен систем Pivi Pro и најновата генерација на стабилизација Dynamic Response Pro.

За прв пат достапна е прилагодлива контрола за возење на терен автоматски ја прилагодува и поставува брзината на движење во рамките на четири програми за удобност, дури и на терен со тешки барања.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER