RAM 1500 REV – Задоцнета револуција

Електричен тешкаш

Иако задоцнет, електричниот пикап на RAM нуди се што го нудат верзиите со колосални мотори на внатрешно согорување

Откако дозволи сите други да го престигнат, конечно и Chrysler преку својата филијала Ram задолжена за комерцијалните возила се вклучува во електричната пикап трка. Концептот со драматичен изглед беше покажан на почетокот на годината во Лас Вегас, а сега на салонот на автомобилите во Њујорк и неговата финална изведба со смирен визуелен настап и скратена ознака 1500 REV.

Поставен е на наменска платформа со шасија која Stellantis ја разви за користење кај големите електрични возила. За погон се предвидени два електромотора, секој со по 335 коњски сили кои ќе го забрзаат до 60 миљи на час за 4,4 секунди. Оние кои ќе сакаат да работат со овој пикап ќе ги израдува отворениот простор за товар со носивост од 1.225 килограми и способноста да влече приколка со вкупна тежина од дури 6.350 килограми.

Некои и тоа што напред има багажник од 424 литри и што може да совлада вода длабока до 61 сантиметар. Но сите ќе ги израдува раскошниот капацитет на батериите – стандардната од 168 и опционалната од цели 229 киловат-часа кои обезбедуваат автономија од 563 односно 805 километри. Нивната 800-волтна архитектура им дозволува полнење со струја од 350 киловати, така што овој пикап за 10 минути ќе се дополни за поминување 177 километри.

Ослонувањето може да се подеси во пет нивоа, задната оска е управлива а теренските можности ги заокружуваат тркалата од 22 инчи. Внатрешноста за пет патници е доста пространа и модерна, дури може да се каже и луксузна. Пред возачот е дигитална табла, на средината дисплеј од 14,5 инчи а и совозачот си има свој екран. На располагање е и дигитален ретровизор со камера за возење наназад, а меѓу врвните опции е аудио системот Klipsch со 23 звучници.

Нарачки веќе се примаат, а првите испораки се предвидени за крајот на идната 2024 година. Цените не се познати, исто како и тоа дали евентуално ќе биде понуден некаде надвор од Северна Америка.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER