Во Крагуевац доаѓаат работници од Мароко

Фабриката на Stellantis во Србија има проблеми со работната сила

Иако во Крагуевац има околу 9.000 невработени, фабриката на Stellantis мора да бара работници од странство – им требаат околу осумстотини до илјада кои ќе допатуваат од Мароко и евентуално Непал. Првите веќе се пристигнати и вклучени во производствениот процес во кој наскоро ќе биде воведена и трета смена. Според плановите во фабриката во Крагуевац треба да се произведуваат околу 500 возила дневно, за разлика од сегашните 350. Синдикатите сметаат дека причината за незаинтересираноста на локалното население за работа во некогашната фабрика на Zastava се ниските плати. Тие изнесуваат околу 600 евра, а со прекувремена работа и до дваесетина отсто повеќе. Просечната плата во Србија пак е  околу 900 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER