PSA и Fiat заедно?

Расположени за партнерство

Откако лани PSA објави дека е отворена за дискусија со потенцијални партнери, се јави првиот кандидат

Објавено на 11 март 2019 година

Во денешниот турбулентен свет на бизнисот алијансите меѓу конкурентите се нешто сосема природно, би рекле дури и неопходно за опстанок на врвот. Затоа и одвреме-навреме стигнуваат вести за разно-разни партнерства, кои рака на срце поголем дел се само испитување на можностите. Но некои од нив во одредени мерки сепак се реализираат. Една таква можеби ќе биде токму најсвежо пласираната во јавноста – здружувањето меѓу групата PSA и Fiat. Тие веќе имаат искуство во заедничкото работење, што ги зголемува потенцијалните шанси за нивна соработка во некаков облик на алијанса. Токму за тоа наводно се разговарало на највисоко ниво на салонот во Женева, но за тоа нема никакви официјални потврди.

Според извори од PSA, оваа компанија разгледува и други можности, пред сé за настап надвор од Европа. Конкретно се споменуваат General Motors и Jaguar Land Rover. Секако, и за ова нема ниту еден официјален збор.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER