PSA го купува Jaguar Land Rover?!

PSA го купува Jaguar Land Rover?!

Вест на денот, вистинска или лажна сеедно, е дека Французите и Индијците се на чекор да се договорат

Објавено на 10 април 2019 година

Сигнали имаше, ама никој не ги сфаќаше за сериозни. Ситуацијата сега се промени иако официјална потврда дека PSA го купува Jaguar Land Rover нема од ниту една страна. Разбирливо и зошто, но уште поразбирливо е зошто оваа зделка може да се случи. Имено, од една страна Индијците имаат проблем со Jaguar Land Rover и планираното излегување на Велика Британија од Европската Унија, за кој не е сосема јасно дали сакаат да се зафатат да го надминат. А за да го сторат тоа ќе им требаат големи ресурси – човечки и финансиски, кои тие сега, единаесет години по преземањето на двете компании од Ford, сакаат да ги насочат на друга страна. PSA пак, има потреба од проширување на портфолиото во нови области, со што со релативно помали дополнителни напори (и инвестиции) ќе дојде до екстра приходи. Дополнително на ова влијае и фактот дека Jaguar Land Rover книжи дебели загуби – само во последните три месеци од 2018-тата тие нараснаа на дури 3,4 милијарди фунти. Рака на срце, тие се резултат на книговодствени а не оперативни деловни потези, но и без нив минусот во тој период е 273 милиони фунти. Според зборовите на одговорните, од 13-те модели на двете марки само 4 носат профит.

Како и да е, желба и можности постојат и реализацијата на една ваква зделка сигурно нема да влијае на плановите за развој на Peugeot, Citroen и Opel, но само под услов PSA да има доволно пари и трпение да ја истера работата докрај како треба.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER