Прва средба – Denza Z9 GT

Нов кинески премиум бренд, во сопственост на BYD, сака да ја освои Европа

За Авто Магазин од Милано,

текст Герхард Кунчик

фотографии: Роб ван Гинекен

Првото официјално европско појавување Denza го организира во рамките на „Неделата на дизајнот“ во Милано која, патем речено, голем број производители на автомобили ја искористија за презентации.

Denza е името на новодојденецот кој сака да направи бум и да ги инспирира клиентите со луксузниот Shooting Brake Z9 GT чија продажба започнува од крајот на годинава. Тоа е под-бренд на BYD, основан во 2011 година заедно со Mercedes-Benz како партнер, кој неодамна се повлече од здружуањето. Моделот Z9 GT, првично ќе биде понуден како чисто електрично возило, а во првата половина на 2026 година следува изведба со приклучен хибрид.

И двата се базираат на новата платформа e3, еден вид магична кутија. Долгогодишниот шеф на Fiat-Chrysler за Европа, Африка и Блискиот Исток, подоцна во раководството на Stellantis, Афредо Алтавила, беше ангажиран минатата есен како „консултант“ за Европа од BYD и ја поддржува храбрата европска шефица Стела Ли. Z9 GT е развиен од 800 инженери за 1.095 дена со буџет од 100 милиони евра и создаде 50 патенти.

По 2,3 милиони тест километри, моделот беше пуштен во сериско производство. На претставувањето домаќините потенцираа дека не сакаат да предизвикаат никого само со мускули туку со технологија и елегантен дизајн. Трите електрични мотори испорачуваат 965 КС на сите тркала. Технологијата ја поттикнува елеганцијата е мотото на Denza и тие се посветени на тоа. Максималните перформанси секако не ја прават разликата, туку комбинацијата на премиум изработката и технологијата.

Верзијата со приклучен хибрид ќе нуди приближно исти перформанси. Ќе ја напојува батеријата Blade од 38,5 kWh и би можела да биде доволна за електричен досег од 150 километри. Во внатрешноста, сè е луксузно, кокпитот е сè уште чист и покрај сите трикови, а удобноста е исклучителна. А потоа, тука се техничките детали кои се зачудувачки. И покрај должината од 5,19 метри, радиусот на кругот на вртење е само 4,62 метри.

Z9 GT може да се врти од место, а кога ќе се открие големината на паркинг просторот, може да се паркира на таков начин што предните тркала се заклучуваат. Автомобилот го прави она што се нарекува рак одење, движејќи се полека настрана. BYD наскоро ќе се произведува во сопствена фабрика во Унгарија. Denza исто така? „Ако дозволува капацитетот, да“, објаснува шефицата на Европа Стела Ли.

„Ако произведуваме во Европа, нема да биде само прашање на склопување на делови; ќе го имаме целиот синџир на снабдување во Европа. Ова ќе создаде работни места и ќе ги промовира технолошките способности на нашите партнери“. Во едно интервју, Алтавила, на прашањето зошто Denza треба да биде успешна кога сите други азиски премиум брендови или никогаш не дојдоа во Европа како што е Acura, штотуку започнуваат што е случај со Genesis, си заминаа (Infiniti) или уживаат умерен успех (Lexus), одговори: „Точно е дека во Европа не е лансирана ниту една навистина успешна премиум марка во изминатите 30 години.

Но, има значајна разлика. Овие производители не му дадоа приоритет на искуството на клиентите. Denza не само што ги прикажува способностите на своите инженери, туку и го подигнува искуството на клиентите на ново ниво. Ние веруваме дека Denza ќе се истакне на пазарот. Нашата филозофија и пристап се сосема различни. Имаме технологии што никој друг ги нема, ги комбинираме убавината и елеганцијата со технологијата. Можеме да понудиме искуства како ниеден друг производител“. А, што е со вообичаените предрасуди кон кинеските брендови? Италијанецот Алтавила се насмевнува и лежерно одговара:

„Без сомнение, перцепцијата на брендот е фактор. Ние сме само на почетокот на ова лансирање. Нема да има никакви грижи за безбедноста на податоците, бидејќи сите наши системи ги исполнуваат вообичаените стандарди. Првата задача е да ги донесете клиентите во салоните. Штом ќе бидат таму и ќе седнат во Denza, тие ќе го искусат само многу области каде што има уникатност во Европа. Кога ќе пристигне приклучниот хибрид, очекуваме поделба од 50:50 со БЕВ врз основа на нашето искуство во Кина.“

На ова се надоврза Стела Ли која најави: „Луксузниот теренец D9 ќе биде вториот модел во Европа. Третиот ќе биде изненадување“. Како дел од BYD, Denza е подложна на царинска тарифа од 17,5 проценти во ЕУ. На тест патеката во Вајрано ги поминавме првите километри со Denza Z9 GT . Во сите сценарија однесувањето беше примерно демонстрирајќи ги технологиите што се вградени.

Впечатокот е дека кабината е просторна, удобна и со високо ниво на обработка на сите материјали кои несомнено се премиум. Дури изненади соприањето кое од 180 км/ч до потполно застанување делува многу уверливо и стабилно. Секако дека ние ќе сакаме да се увериме на сите вредности во секојдневна употреба, тест на кого ќе почекаме уште некој месец.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER