Проблеми за Tesla, ама вистински

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Проблеми за Tesla, ама вистински

Објавено на 27 август 2018 година

Додека Елон Маск се занимава вешто пливање низ дивите финансиски води, а берзите книжат пораст или опаѓање на вредноста на акциите, Tesla има други проблеми ама вистински. Ќе споменеме два, и двата тешко сфатливи за останатите производители и нивните купувачи. За првиот подобро кажува сликата на овој Model 3 за кој сопственикот платил дури 78.000 долари – панелите на задните врати се различни, еден бел (каков што треба) а вториот кафеав (каков што имале). Вториот проблем се однесува на сите сопственици на „евтиниот“ електричен седан, кој испадна дека е сé само не е евтин – годишното осигурување за него во САД чини цели 2.800 долари, исто колку и за Porsche 911. Затоа Tesla покрена сопствена линија на осигурување под назив InsureMyTesla, но цената не се намали драстично. Плус на сé, одржувањето на овој модел е скапо и комплицирано – деловите се скапи бидејќи ги нема (тоа најдобро го знае сопственикот на претходно споменатиот примерок), а зафатите за поправка на каросеријата специфични.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER