Колкави се, не прашувајте
Според вообичаената агенда, регулаторната комисија за енергетика денес одлучи колкави ќе бидат новите цени на горивата во Македонија кои ќе важат од полноќ. Нивните пресметки велат дека заради промените на берзанските цени на нафтените деривати и курсот на доларот за литар безоловен 95 ќе плаќаме по рамно 100 денари, а за бензинот од 98 октани два повеќе. Цената на дизелот пак заради продолжувањето на мерките што ги донесе владата за пресметување помал данок на додадена вредност се намали за 4,50 денари и изнесува исто рамно 100 денари.


