Пристигна електричниот FIAT

Benvenuto 500е!

Првиот целосно електричен Fiat 500 пaркиран во Аутомобиле СК

објавено 01. април 2021

Не само што е првиот FIAT на струја во Македонија, туку е и кабриолет! Има ли поубава комбинација за претстојните пролет, лето и добар дел од есента? Сладокусците можеби ќе имаат шанса да го возат бидејќи е донесен во промотивни цели. Комерцијализацијата ќе му започне во текот на следната година, па затоа податокот за цената е непознат. Затоа не се кријат техничките карактеристики кои велат дека Fiat 500 е опремен со системот за брзо полнење од 85 kW што овозможува да се наполни батеријата за многу кратко време. Автономијата е до 320 км во WLTP циклус на возење благодарение на батериите со капацитет од 42kWh. Веќе од влезното ниво опременоста е висока исполнета со конективни и технологии за помош на возачот, а на барање може да се добие систем за автономно возење ниво 2.

За повеќе информации посетете ја официјалната страна www.fiat.mk или овластената продажна мрежа на Fiat во Македонија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER