Премиера – Škoda Enyaq е обновен

По четири години служба, рстилизиран е првиот електричен модел од Млада Болеслав

Enyaq беше претставен во 2020 година, а неговиот купе-кросовер пандан две години подоцна. Денеска се одржа премиерата реситлизираната генерација на двете каросериски верзии со бројни ажурирања типични за средината на животниот циклус. Акцентот е ставен на предниот дел кој доби многу потенка осветлена решетка и нови фарови со LED Matrix технологија.

Сега обновениот Enyaq доби визуелен идентитет доближен на помалиот Elroq. Новиот Modern Solid дизајнерски јазик е во склад на новите и идни ЕВ од куќата, зајакнувајќи ја нивната визуелна привлечност.

Профилот и задниот дел се чини дека се во голема мера непроменети. Во внатрешноста, Škoda потврди повеќе подобрувања, вклучувајќи поодржливи материјали и обемна стандардна опрема. Ова е повторно во духот на новиот дизајнерски јазик наменет не само на изгледот туку и посветеноста на своите корисници.

Пет инчниот дигитален кокпит и централниот инфозабавен дисплеј со дијагонала на екранот од 13 инчи се стандардни. Наместо логото, буквите на брендот сега го красат новодизајнираниот волан.

Воведени се неколку Simply Clever иновации со редизајнот. Ова го вклучува QR-кодот во багажникот, кој, меѓу другото, води до преглед на практичните функции на возилото. Другите детали вклучуваат одржлива стругалка за мраз интегрирана во капакот на багажникот и џебовите за паметни телефони на задниот дел од предните седишта.

Škoda Enyaq се нуди со две големини на батерии. Enyaq 60 и Enyaq 85, секој има по еден електричен мотор и погон на задните тркала, додека Enyaq 85x доаѓа со дополнителен мотор напред и погон на сите тркала.

Моќноста остана непроменета, 150 kW (204 КС) и 210 kW (285 КС). Наскоро треба да се очекува и најсилната верзија со 250 kW (335 КС). Во зависност од верзијата, може да достигне максимална брзина до 180 км/ч и да овозможи автономија до 590 километри благодарение на оптимизираната аеродинамика.

Што се однесува на техничките подобрување треба да се издвои побрзото полнење на батериите. Во обновените модели од 10 до 80 отсто тоа ќе трае само 28 минути или помалку.  За подобрување на корисничкото искуство понудени се иновации како Remote Park Assist и подобрената функционалност на апликацијата MyŠkoda кои ќе го направат секојдневното користење уште поудобно.

Во Германија Škoda Enyaq се нуди од 44.000 евра, додека македонската стартна цена ќе ја дознаеме по нејзиното пристигање во летните месеци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER