Renault ја комплетира својата понуда со моделот што ќе пристигне во продажба во септември.
Renault сега има четири компактни кросовери. На купеовски скроената Arkana, Austral од повисоката класа, целосно електричениот Scenic сега им се придружи Symbioz, конструиран на платформата Renault-Nissan CMF-B.
Со должина од 4.410 мм е само 10 цм пократок од Austral. Исто така, го дели истиот хибриден погон базиран на 1,6 литарски четири цилиндричен мотор, наместо на 1,2 литарскиот хибриден агрегат од Austral. Symbioz е наменет да им се допадне на купувачите на компактните кросовери, вториот по големина сегмент во Европа. Затоа Renault очекува подеднакво да има индивидуални како и флотни купувачи.
Што се однесува до изгледот, Symbioz не е толку иновативен. Тој е само разумно убав, но целосно конвенционален кросовер од Ц сегментот со импресивно голем товарен простор. Има јасна визуелна врска со Captur напред, но на останатите површини дизајнот е посилен и поаголен.
Во интериерот вграден е инфозабавниот систем OpenR Link базиран на Google и гласовни контроли, како и околу 50 апликации кои се дизајнирани за Renault. Symbioz ќе се лансира со целосно хибридна погонска група E-Tech од 145 КС со два електрични мотори примарна погонска единица со моќност од 36 киловати и секундарна единица со моќност од 15 kW.
Хибридниот погонски агрегат овозможува до 80 отсто од урбаните патувања да се одвиваат на струја и можно е со еден резервоар гориво да се извозат и до 1.000 км. Ќе има верзии и со мотори на согорување, но тие ќе дојдат подоцна.
Иако Symbioz е компактен кросовер на почетно ниво на Renault, тој има голем број на погодности и комфорни карактеристики, вклучително и електричен поклопец на багажникот што може да се ракува со движење на ногата и стакло што автоматски го затемнува сончевиот покрив.
Покривот додава 30 mm простор за глава без да ги жртвува изолационите својства. Новите погодни функции вклучуваат My Safety Switch, кој ги контролира визуелните и звучните предупредувања со едно копче и Safety Coach, кој ја снима брзината, положбата и траекторијата на возилото и дава оценка за возење и совети за подобрување на економичноста. Renault објави дека цените ќе бидат познати во следниот период кога ќе се отворат порачките за Symbioz.


