ПРЕМИЕРА – Cadillac Optiq

Второто БЕВ на американската луксузна марка е кросовер и има интернационални амбиции

Најавената забрзана електрификација на Cadillac полека влегува во најавеното темпо. По претставувањето на првенецот Lyriq американците гордо го лансираа Optiq. Овој кросовер со каросерија што се протега на 4,82 метри не е наменет само за Северно американскиот пазар, туку и за Кина и Европа.

Но првите сомнежи доаѓаат токму од Америка каде веднаш по најавата дека ќе се продава за околу 54.000 долари беше спореден со светскиот репер Tesla Model Y од кого е поскап за 2.500 долари. Маркетерите на Cadillac не се загрижени за ваквите компарации бидејќи во новиот електричен кросовер обезбедуваат високо ниво на луксуз. Како дополнување на овој аргумент се потенцира дека стандардно се испорачува со погон на сите тркала со два мотори, има 304 КС и 479 Nm вртежен момент.

Optiq е поставен на платформата Ultium и има пакет батерии од 85 kWh, кој ветува дека ќе испорача автономија нешто помала од 500 км. Cadillac беше срамежлив за дополнителни детали, но објави дека моделот може да се освежи за околу 10 минути за возење долго 120 километри со помош на брз полнач. За да ја нагласи припадноста на електричните модели на компанијата, дизајнот во голема мерка наликува на Lyriq.

На предниот дел доминира црната кристална решетка, светлата имаат кореографска секвенца, а се истакнува и стаклениот покрив. Моделот, исто така, има рачки на вратите кои формираат рамна површина и акустично ламинирано задно стакло со уникатен дизајн. И внатрешноста е инспирирана од Lyriq каде главната улога ја има 33 инчен дисплеј.

Тој работи во тандем со оперативниот систем на Google и го контролира аудио системот AKG со 19 звучници. Меѓу другото, Cadillac потенцира дека Optiq има најдобар капацитет за товар и просторност во вториот ред седишта во својата класа. Се нагласува дека  стандардно доаѓа со Super Cruise, како и асортиман на други системи за помош на возачот, вклучувајќи адаптивна контрола на возењето, предупредување за судир и помош за контрола на „слепата зона“.

Optiq за Америка и Европа ќе започне да се произведува оваа есен и ќе се нуди во луксузно и спортско руво. Интересно е што Optiq во Кина дебитираше пред точно еден месец.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER