Премиера – Audi Grandsphere

насловна Поглед во иднината

Доаѓа ли електричен А8?

Втората студија го истакнува раскошот и удобството на патувањата

објавено 03. септември 2021

Трите студии што ги најави Audi добиваат логичен епилог постепено покажувајќи како ќе се развива дизајнот на марката во наредните години.

По спортскиот Skysphere Concept кој беше прикажан во Пебл Бич, Калифорнија, за престојната смотра на мобилитет во Минхен преку Grandsphere Concept ќе се покаже како би изгледал наследникот на А8. Тука креативците ги искористија можностите што произлегуваат од комбинацијата на целосно електричен погон и автономно возење според нивото 4.

Штом возачот го активира автономното управување воланот исчезнува, а педалите автоматски се враќаат во подот. Во исто време, ентериерот се трансформира во еден вид подвижен салон. Класичните инструменти недостасуваат во внатрешноста, наместо тоа, дисплејот се протега низ целата ширина на автомобилот. За време на автономното патување, може да се работи или забавува преку површината за проекцијата пред возачот и патниците. Audi планира да им обезбеди на патниците ексклузивни понуди од концерти до спортски настани.

Дизајнот на Grandsphere намерно ги отфрла вообичаените елементи. Благодарение на ветробранското стакло што широко се протега предната хауба е значително пократка што дополнително ја подобрува динамичната харизма. И покрај должината од 5,30 метри и меѓуоскиното растојание од 3,19 метри, футуристичкото Audi има задна клупа.

Тоа најверојатно ќе се промени, но повеќето елементи ќе се појават во идниот А8. Дизајнерите ја користеа таканаречената Premium Platform Electric како основа за Grandsphere. Модулот за батерија со 120 kWh се наоѓа помеѓу двете оски и ја користи технологијата на Групата од 800 волти.

Се шпекулира дека евентуална сериска верзија ќе биде достапна од 2025 година. И што доаѓа по Skysphere и Grandsphere? Тоа ќе биде Urbansphere најавена за наредната година која ќе биде прикажана во Кина.