Премиера – Audi A5 e-hybrid

Постоечките каросериски изведби добија две верзии со приклучен хибрид и многу сила

Audi A5 е изграден на премиум платформата за согорување (PPC) што му овозможува, покрај моторот на согорување, да биде силно електрифициран. Тоа се случи преку двата нови модели со приклучен хибрид во две нивоа на моќност. За да ги направи новите PHEV уште попрепознатливи, за нив Audi ја воведе ознаката „e-hybrid.

Додавањето на електромоторот и новата батерија малку ја кренаа килажата, но тоа ниту малку не се одразува на перформансите. Срцето на A5 e-hybrid е новата високонапонска батерија сместена во задниот дел од возилото со зголемен капацитет од нето 20,7 kWh. Максималната моќност за полнење со наизменична струја е зголемена на 11 kW со што се намалува времето на полнење од 0 до 100 проценти на само 2,5 часа.

Зголемените перформанси на регенеративно сопирање придонесуваат за електричен опсег до 110 километри давајќи уште поголема флексибилност и ефикасност. Новиот Audi A5 Avant e-hybrid quattro и Audi A5 Sedan e-hybrid quattro се достапни во две нивоа на моќност и тоа од 220 и 270 киловати. Двете верзии како основа го имаат 2.0 TFSI моторот со моќност од 252 КС и електричен мотор кој испорачува до 105 kW.

Во изведбата со вкупна моќност од 367 КС, Avant и Sedan забрзуваат од 0 до 100 км/ч за 5,1 секунди, додека со послабата системска моќност, од 300 КС, истиот спринт трае подолго за незначителни 0,8 секунди. Сите варијанти достигнуваат максимална брзина од 250 км/ч. Покрај овие податоци што ќе ги подгреат апетитите на сите зависници од сила во нивните автомобили, ќе им годи

стандардниот погон на сите тркала, зголемените перформансите на регенеративното сопирање и електричната автономија од 110 км. Достапни се два режима на работа, EV и hybrid. Новиот A5 e-hybrid во суштина работи на електрична енергија што е можно подолго за целосно да го искористи можното полнење на батеријата при возењето.

Возачите сега можат, во режимот EV, степенот на рекуперација да го одредуваат преку лопатките на воланот. При возење во хибриден режим, системот е дизајниран за ефикасност, флексибилност,  максимална удобност и автоматски ја избира оптималната оперативна стратегија. Воедно одржува специфично ниво на полнење колку што е потребно за да заштеди доволно електрична енергија за подоцнежна употреба за електрично возење во град.

Основната изведба на A5 Sedan e-hybrid quattro во Германија започнува од 62.500 евра и достига до 70.900 евра. Љубителите на караваните ќе платат дополнителни 1.650 евра.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER