Предпремиера – Peugeot 5008

Новиот Peugeot 5008 е првиот модел што ќе биде поставен на средната платформа на Stellantis, и ќе понуди три верзии на погон

Третата генерација на Peugeot 5008 ќе биде лансирана есенва кога овој седумсед ќе се вклучи на пазарот каде го чека остра конкуренција. Тоа не ги загрижува многу маркетерите на Peugeot бидејќи, како што велат, купувачите повторно се враќаат на поголемите кросовери. Тоа го потврдуваат официјалните бројки на продажба. Лани забележен е раст на сегментот од 25 отсто, а зафаќа вкупно 14 проценти од вкупниот европски пазар.

Згора на тоа, актуелната генерација на 5008 добро се котира заземајќи го петтото место со продадени 44.391 примероци лани. Новиот Peugeot 5008 е 15 сантиметри подолг од сегашниот и ќе се растегне на вкупно 4,79 метри должина поставени на 2.890 мм меѓуоскино растојание. Овој модел ќе биде поголема верзија на новиот компактен 3008. Платформата STLA Medium овозможува употреба на мотори со согорување и потполно електричен погон.

Затоа ќе бидат понудени опции со 48 волтен хибрид како и приклучен хибрид. Првиот ќе го користи ревидираниот бензински три цилиндерски мотор од 136 КС впарен со шест степениот автоматскиот менувач со двојна спојка. Моделот ќе ја носи ознаката 5008 Hybrid 136 e-DCS6 и во урбан циклус на возење ќе може до 50% од километражата да се движи на струја. Приклучниот хибрид  ќе користи батерија со зголемен капацитет која ќе го храни 92 киловати силниот електро-мотор повеќе од 80 км. Под хаубата сместен е четири цилиндерски турбо-бензинец од 150 коњи, а вкупната моќност изнесува 192КС. Peugeot е потполно посветен на електрификацијата па затоа електричната верзија, е-5008, ќе биде понудена со три нивоа на моќност, два капацитети на батерии, изведба со двоен мотор со погон на сите тркала и сериски ќе има седум седишта во три реда.

Струјата ќе се складира во батерии од 73 и 98 kWh од каде ќе се напојуваат три моќности 157, 170 и 237 киловати. Батериите може да се полнат на моќност до 160 kW што овозможува за само 10 минути надополнување доволно да се извозат 100 километри. Половина час е доволен за полнење од 20% до 80% на брз полнач. Најмоќната верзија има два мотори, од кои задниот е силен 80 киловати, има погон на сите тркала и автономија до 500 км. Верзијата со мотор од 170 киловати е наречена „долг дострел“ и ќе има домет од 660 км. Peugeot гледа голем потенцијал за е-5008 кој ќе се натпреварува во сегмент на електрични кросовери со седум седишта.

Последните години се продаваат помеѓу 230.000 до 290.000 вакви возила на најголемите 10 европски пазари.  Стилски Peugeot 5008, разбирливо, е многу близок со 3008, но во внатрешноста ја добива последната генерација на i-Cockpit со 21 инчен екран, повеќе простор и ќе биде поскап. Двата модели порано беа моноволуменци, а со новите генерации се трансформираа во кросовери, потег кого го применија сите производители на возила и се покажа како добар маркетиншки потег.

Peugeot има добри аргументи за новиот 5008. Атрактивен дизајн, релаксирачка внатрешност, просторност, модуларност и избор на погони. Без оглед на изведбата понудена е 8 годишна гаранција или поминати 160.000 километри, период во кого батеријата ќе задржи 70% од капацитетот. Peugeot 5008 ќе се произведува во една од најстарите фабрики на марката во Сошо, Франција.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER