После Кина и Германија, на ред е Русија

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Tesla ќе гради фабрика и во Русија

Локалните власти на московската област веќе ја имаат одредено локацијата за идната фабрика на Tesla

Објавено на 22 септември 2021 година

Сé започна со една изјава на Илон Маск дадена пред некој месец дека веројатноста Tesla да се појави на рускиот пазар е голема. На тоа веднаш реагираа властите на неколку руски области, кои поддржувајќи ја идејата го повикаа Маск да гради токму кај нив, ветувајќи му пакет бенефиции. Најдалеку отидоа оние од московската област, кои веќе имаат подготвено конкретни предлози за кои се дозна откако синот и внукот на творецот на советската космонаутика Сергеј Королјев ја посетија централата на Tesla, каде Илон Маск лично ги спроведе низ погоните. Знаејќи ја посветеноста на Маск на вселенската технологија, не е случајно ниту чудно што идната фабрика на американската компанија ќе се гради во градот што го носи името на Королјев, поранешен Калининград, на 20-тина километри од центарот на Москва. Информациите дека е даден ваков предлог ги потврдија и руското министерство за индустрија и стопанската комора, а и владата донесе принципиелна одлука за тоа, но засега нема никакви конкретни изјави кога би започнала градбата.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER