Porsche Tycan – Најбрзото ЕВ со четири врати на Норфшлајфе

Претпродукцискиот Taycan од следната моделска генерација брз како молња

Електричните возила стануваат мегдан на кого производителите ги докажуваат своите супериорни можности. Иако е еден од најпризнатите производители на тркачки автомобили, Porsche сака да ја докаже својата супериорност и кај своите изведби кои наместо октаните ги користат електроните.

Развојниот возач на Porsche Ларс Керн го извозе Нордшлајфе на Нурбургринг за 7:07,55 минути. Тоа е за 26 секунди побрзо од неговото последно рекордно возење во август 2022 година со Taycan Turbo S Sport Sedan со Performance Package. Со овие перформанси предпродукцискиот Tycan се квалифицира во групата на електрични хиперавтомобили. Она што го прави овој подвиг респектабилен е тоа што е постигнато речиси исто време во неколку круга.

На крајот од патеката долга 20,8 километри, пред производствениот модел во  споредба со сегашниот Taycan Turbo S, за истите 7:07,55 минути, во просек беше побрз за 25 км/ч. Можеби за оние што не ги импресионира брзината овој податок е небитен. Само за појаснување, тоа значи дека за истото време бипоминал 1,3 километри повеќе. Од безбедносни причини, тест автомобилот беше опремен со заштитен кафез и тркачки седишта.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER