Porsche – Taycan Sport Turismo

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Само за асфалт

Porsche ја проширува понудата на Taycan со трета варијанта на каросеријата.

Најновата каросериска интерпретација на електричниот Taycan го понесе името Sport Turismo. Како што објаснуваат од Цуфенхаузен таа е синтеза на формата на Cross Turismo и седан. Ако тоа помалку ве збунува, тогаш прифатете го ова како да се зборува „динамичен караван“. Во него ги нема дизајнерските елементи за теренски ориентираниот Cross, достапен е и со погон на задните тркала, но во задниот дел од кабината има повеќе простор за главите на патниците и бележи поголем багажник.

Новиот член на семејството ќе биде лансиран како во изведбата GTS на крајот на февруари, а други верзии ќе следат во март. Како нов опционален додаток за Taycan Sport Turismo, има електрохроматски панорамски покрив. Големата стаклена површина е поделена на вкупно девет области кои може да се контролираат поединечно. На овој начин, делумните површини или целиот покрив може да се префрлат за да бидат транспарентни или непроѕирни. Sport Turismo ќе се нуди со опсег на моќност од 326 до 625 КС. Основната верзија во Германија ќе чини 86.495 евра, а врвниот Turbo S Sport Turismo со погон на сите тркала двојно повеќе. Тој достига 260 км/ч и забрзува од мирување до 100 км/ч за помалку од три секунди. Според WLTP способен е да помине 498 километри.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER