Porsche Taycan – Safety Car Formula E

Нов кротител на електричните болиди

Светскиот шампионат во Формула Е добива ново безбедносно возило.

Откако BMW ја напушти меѓународната серија на Формула Е повлекувајќи ги i8 Roadster и Mini Electric од улогата на безбедносни возила, комшиите од Цуфенхаузен веднаш го зазедоа местото за престојната сезона. Така Porsche со Taycan Turbo S ќе биде на челото на колоната. Силниот швабски електричен модел од 560 kW (761 КС) ќе ја има својата премиера на отворањето на сезоната во Формула Е на 28 и 29 април.

Безбедносното возило е обоено во боите на сите единаесет тимови учесници во Светскиот шампионат ABB FIA Formula Е како израз на посветеноста на оние кои се вклучени на заедничкиот пат кон целосно електричната иднина на мотоспортот. Со Launch Control, врвниот Taycan забрзува до 100 км/ч за 2,8 секунди и со максимална брзина од 260 км/ч е дури и побрз од болидите. Taycan Safety Car ќе го пилотира долгогодишниот возач на безбедносното возило во Формула Е, португалецот Бруно Кореја.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER