Во десет дневниот екстремен предизвик поминати беа 2.783 километри и достигнаат е надморска височина од 5.355,134 метри!
Сосема нормално делува за автомобилите што ги погонуваат моторите со внатрешно согорување, но за електричните, подвигот да се искачат на Тибет е своевиден предизвик. Иако користењето на БЕВ е веќе нормална појава во урбаните средини и автопатиштата, надвор од „цивилизацијата“ знае да биде комплициран потфат.
Porsche постави пред себе тешка цел и успеа да докаже дека Taycan Cross Turismo е способен да одговори на комплицирани услови на користење. Храбрата авантура се случи во Кина. Започна на езерото Ајдинг, кое е на 218,845 метри под нивото на морето, а заврши со успешно искачување на врвот на Хонгту Дабан, на 5.355,134 метри надморска височина.
На рутата Ксинџијанг-Тибет има пусти региони кои ги предизвикуваат самите граници на опстанок, со екстремни временски услови кои се комбинираат со сложени и променливи услови на теренот и патиштата.
Со многу предвидливи и непредвидливи ризици на патот, ова спектакуларно патување во целост ги покажа теренските способности на Taycan Cross Turismo, удобноста на долги растојанија и солидна доверливост. Рутата Ксинџијанг-Тибет не само што претставува географски предизвици, туку и не е идеална средина за полнење.
Различните точки за полнење со еднонасочна и наизменична струја на патот варираат од 120 kW до 22 kW. Со докажаната архитектура од 800 V на Porsche, Taycan Cross Turismo можеше да се полни на горната граница на излезната моќност на овие точки за полнење и да работи ефикасно.
Голема неизвесност беше преминувањето преку планините Кунлун и Тианшан. Етапата од 760 километри двата Taycan Cross Turismo ја поминаа за четири дена, благодарение на паметниот систем за управување со енергија EnjoyElec, старт-ап во кој стратешки инвестираше Porsche Ventures.
Освен што наиде на ненадеен дожд и неочекуван снег, автомобилите се справија со четири последователни врвови со надморска височина од повеќе од 4.900 метри. Но, дури и во такви тешки услови, интелигентниот систем за управување со топлинска енергија обезбеди оптимална работна температура на компонентите на возилото и му овозможи на Taycan да остане на високо ниво на ефикасност на полнење.
Поминувајќи низ импресивни места како Големиот кањон Томур, шумата на тополите Тарим и пустинскиот автопат Санша, „Тајканците“ мораа да издржат екстремни метеролошки промени, температурни и разлики во притисокот на воздухот како и различни површини на патиштата.
Oд топло и суво до влажно и замрзнато. Во оваа авантура логистичка поддршка беше камион чија помош на одредени точки беше од пресудно значење за освежување на батериите.
Пристигнувањето во Хонгту Дабан, во Тибет, лоциран на 5.355,134 м.н.в. го забележа новиот Гинисов рекорд за најголемо совладување на надморка височина со електричено возило. Заедно со растојанието од езерото Ајдинг кое е 218,845 под нивото на морето, двата Taycan Cross Turismo искачија вкупно 5.573,979 метри.