Porsche Road Show 2025– искуство што ја спојува иднината со страста за возењето

Изминатиот викенд, Porsche Macedonia и Porsche Center Skopje го организираа тридневниот Porsche Road Show, ексклузивен настан посветен на страста за возење, иновацијата и автентичното Porsche искуство.

Настанот започна од Porsche Center Skopje, а возбудливата рута го водеше конвојот до живописната Трница во Маврово, низ патишта што совршено ја истакнуваат динамиката на секој модел. Во конвојот од единаесет автомобили беа претставени најновите SUV и BEV модели, меѓу кои својата моќ и елеганција ја демонстрираа Cayenne S SUV, Cayenne S Coupé и Cayenne GTS Coupé – симбол на перформанси и практичност во премиум сегментот. Иднината на електричната мобилност беше претставена преку врвниот Taycan Turbo, кој ја отсликува визијата на Porsche за одржлива и динамична мобилност. Macan 4S, пак, покажа совршена рамнотежа меѓу секојдневна употребливост и спортски дух. Легендарниот 911 беше присутен преку 911 GTS и карактеристичниот 911 Targa 4 GTS, кои уште еднаш ја потврдија безвремената магија на најпознатата спортска икона. Со концептот на BEV/SUV Road Show, Porsche Macedonia уште еднаш ја нагласи својата посветеност кон иднината на електричната мобилност, без компромис на страста, прецизноста и возбудата што го дефинираат брендот повеќе од седум децении. Овој настан покажа дека Porsche е повеќе од автомобил – тоа е симбол на стил, иновација и начин на живот кој создава незаборавни моменти за сите што ќе го почувствуваат.  

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER