Porsche – Rimac

Вести насловна

Штутгарт ја зголемува присутноста

Кога и како ќе ”падне“ Bugatti?

објавено 09. март 2021

Добивањето на одобрението од надзорниот одбор, Porsche ги зголемува своите акции од 15 на 24 отсто во хрватскиот Rimac кој развива и произведува високо технолошки компоненти за електромобилност, вклучувајќи системи на батерии. Исто така, во портфолиото се супер спортски автомобили на електричен погон. Porsche се приклучи на младата компанија за технолошки и спортски автомобили како инвеститор во 2018 година и го зголеми својот удел на 15 проценти во септември 2019 година. Најновиот пораст на капиталот го илустрира проширувањето на стратешкото партнерство. Ова ќе донесе на контото на Rimac дополнителни 70 милиони евра од Porsche без да има контролно влијание. Мате Римац ја основаше компанијата именувана по него во 2009 година на 21 годишна возраст. Со седиште во Света Недеља близу Загреб, неговата компанија сега има скоро 1.000 вработени. Rimac дизајнира, развива и произведува електрични хипер автомобили со моќност до 2.000 КС и максимална брзина поголема од 400 км/ч. Компанијата исто така снабдува неколку познати производители на електрични автомобили со технологии и системи. Ситуацијата станува поинтересна бидејќи шпекулациите дека иконскиот Bugatti може да биде продаден или подарен на Rimac се сѐ погласни. Тоа може да донесе нови перипетии во понатамошната сопственичка структура на многу повисоко ниво.