Porsche Mission X – Доаѓа ли наследникот на 918 Spyder?

Porsche сè уште не потврди дали ќе го произведува Mission X, но големи се шансите за негова реализација со погон на сите тркала

Иако Porsche официјално не го потврди производството на Mission X, новата „ракета“ од Цуфенхаузен треба да има  сооднос еден-на-еден сила-тежина, со намера да произведе една коњска сила за секој килограм тежина. Со оглед на студијата претставен за 75-иот роденден на компанијата, пред неполна година, би требало Porsche Mission X да има 1.521 КС. Ако е така, тогаш би бил тежок неверојатни, за електричен хипер автомобил, само 1.521 кг.

Се очекува производствената итерација на целосно електричниот концепт на Porsche Mission X да биде ексклузивно понудена во конфигурација со погон на сите тркала и само со волан од левата страна. Концептот првично беше дизајниран со погон на задните тркала, но слично на 918, идната сериска верзија на Mission X ќе има погон на сите тркала. Тоа е поради рекуперацијата, односно, поради враќањето на енергијата од сопирањето која игра клучна улога во продолжувањето на автономијата кај хипер автомобилите.

Репер е Нурбургринг и легендарната Норшлајфе. Porsche сака таму да постави нов рекорд и да може со едно полнење на батериите да помине не еден, туку цели три круга на патеката долга неполни 22 километри. Тоа во „цивилни“ услови на возење би значело автономија поголема од 400 километри, што за еден хипер автомобил е одличен параметар. Ако Mission X навистина се реализира, целокупната форма и дизајн нема да се променат.

Porsche не го потврди производството на Mission X, ниту неговата номенклатура, ниту планот во колку примероци ќе се произведе. Едно е сигурно. Доколку се реализира нема да биде евтин и ќе се натпреварува со Rimac Nevera.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER