Интермецо Music Bar беше место каде требаше да се биде…
Porsche Center Скопје и Порше Македонија официјално го претставија новиот модел на Porsche Macan.
Настанот ги обедини врвниот германски инженеринг и софистицираната градска забава, означувајќи нова ера за овој популарен SUV. Новиот Macan поставува нови стандарди во својата класа со својот прогресивен дизајн и импресивна динамика, беше главната ѕвезда на вечерта.
Присутните гости имаа ексклузивна можност одблизу да ги погледнат иновациите кои го прават овој модел симбол на спортскиот дух во секојдневното возење. За енергијата на подиумот и совршената атмосфера се погрижи светски познатото диџеј дуо Mestiza.
Нивниот препознатлив микс на електронска музика со традиционални шпански фламенго елементи беше совршен одраз на карактерот на новиот Macan, спој на традицијата на брендот Porsche со модерната, возбудлива иднина.
„Macan отсекогаш бил омилен избор на нашите клиенти во Скопје, а овој нов модел го подигнува нивото уште повисоко. Сакавме оваа промоција да биде повеќе од обично претставување – сакавме да создадеме искуство кое ги буди сите сетила,“ изјавија од Porsche Center Скопје.


