Porsche Macan GTS – видео, фото-галерија

Нова верзија на електричниот кросовер

Porsche продолжува да ја шири понудата на лани претставениот електричен Macan, кој досега беше на располагање во четири верзии – Macan, Macan 4, Macan 4S и Macan Turbo. Таа сега е дополнета и со GTS изведбата која треба да ја подобри неговата одлична продажба што сигурно ќе го стори.

Позициониран меѓу 4S и Turbo, тој има погонски склоп од два електромотора кои произведуваат комбинирани 571 KS. Со нив забрзувањето до 100 km/h трае 3,8 секунди а максималната брзина изнесува 250 km/h. Ги има истите батерии со капацитет од 95 kWh кои му обезбедуваат автономија од солидни 585 km. За љубителите на акустиката посебен звучен систем имитира звуци кои го дигаат адреналинот а за докомплетирање на задоволството во возењето адаптивното воздушно ослонување е за 10 mm пониско. За поголема стабилност ревидирани се стабилизаторите а за попрецизно возење управливи се и задните тркала како опција.

Задниот диференцијал има електронски контролиран механизам за блокирање, а за поагресивен изглед на располагање е и Sport Design пакетот со поистакнат преден спојлер, нов заден браник со дифузор, проширени крила, продолжен заден спојлер и поголеми бочни прагови. Во внатрешноста пак купувачите ќе откријат детали од карбонски влакна и шевови во боја на каросеријата

Porsche Macan GTS е достапен за нарачување по цени кои во Германија стартуваат од 104.200 евра.

 

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER