Porsche Macan 2024 – Нови стандарди на перформанси и ефикасност

Електричниот Macan е подвргнат на строга и напорна тест програма пред претстојна светска премиера

Десет години по неговото лансирање, Macan е на чело на втората генерација на целосно електрични модели на Porsche. Како прв модел на куќата изграден на новата Premium Platform Electric (PPE), Macan е целосно развиен од почеток.

Porsche обврнува големо внимание на тестирањето во реални услови со камуфлираните прототипи. Истовремено, се прават симулации и во виртуелниот свет и тунелите за аеродинамика за да се генерираат прецизни вредности со цел новиот Macan да биде поспортско и поефикасен.

Вредност на воздушен отпор од 0,25

Еден од предизвиците беше да се сочува идентитетот на Macan, а истовремено да се исполнат аеродинамичните барања потребни за да се обезбеди висока ефикасност и голема автономија. Тоа бараше тесна соработка помеѓу тимовите за дизајн и аеродинамика во сите развојни фази. Преку оваа тимска работа, Porsche успеа да ја комбинира својот препознатлив дизајн со опсег оптимизиран од аеродинамиката.

Ова е постигнато не само преку впечатливата силуета туку и преку компонентите на Porsche Active Aerodynamics (PAA). Активните аеродинамични елементи значително придонесуваат на автономијата преку автоматски заден спојлер и активно ладење од предните воздушни отвори.  Постојат и променливи елементи на каросеријата. Подот на возилото е рамен и затворен како оној на тркачки автомобил, дури и во задниот дел на оската.

За време на нормално возење, Macan автоматски ја зазема својата идеална контура. Задниот спојлер се поставува во Eco позицијата, воздушните отвори се затвораат и висината на каросеријата се намалува. Во оваа ситуација се постигнува коефициент на воздушен отпор од 0,25 што е подобрување за 30% од сегашниот модел. Затоа, новиот Macan има висока ефикаснос и со едно полнење  ќе поминува повеќе од 500 километри според WLTP

Брзо полнење со до 270 kW

Електричните мотори во новиот Macan ја добиваат својата енергија од литиум-јонска батерија, со бруто капацитет од 100 kWh, од кои до 95 kWh можат активно да се користат. Архитектурата од 800 волти од PPE платформата во новиот Macan овозможува брзо полнење со високи перформанси, кое се тестира низ целиот свет како дел од процесот на развој.

Поради различните стандарди за полнење на главните пазари голем фокус на тестирањето беше да се проверат различните услови на различни локации со прототиповите и соодветно да се адаптира технологијата бидејќи полнењето мора да работи, секогаш и секаде беспрекорно. Капацитетот за полнење на брзи полначи е до 270 kW. Нивото на батеријата може да се наполни од 10 на 80 отсто за помалку од 22 минути.

Тестирање на динамиката на возење под екстремни услови

Porsche го разви новиот Macan со силен фокус на динамиката на возење, типична за брендот, и познато чувство на управување. Преку различните тест фази, целта е да се координираат новоразвиените компоненти и системи и да се обезбеди оперативна стабилност и непречено функционирање на нивното заемно дејство.

Во тестовите за издржливост, сервисниот живот на возилото е симулиран под вид на сурови работни услови. До денес, со прототиповите на електричниот Macan имаат поминато повеќе од три и пол милиони километри на тест патеки и јавни патишта. За да се тестира интеракцијата на сите активни компоненти за возење под екстремни климатски оптоварувања реалните тестирања се направија низ целиот свет, од минус 30 во Скандинавија до плус 50 степени целзиусови во Долината на смртта во Калифорнија.

За да ја оправда својата вокација, спортско корисно возило, Мacan беше тестиран не само по патиштата, туку и на терен, на камења, снег и мраз. Погонот на сите тркала дава предност на задната оска секогаш е беспрекорен. Porsche исклучиво ја користи најновата генерација на PSM  мотори на двете оски. Тие обезбедуваат моќност од повеќе од 450 kW, нудат одлична ефикасност и овозможуваат оптимална репродуктивност на излезот на моќност на електрична енергија.

Електронски управуваниот Porsche Traction Management управува со дистрибуцијата на повеќе од 1.000 Nm вртежен момент со Launch Control кај најмоќната верзија. За да го понудат широкиот спектар помеѓу врвните перформанси и удобноста за која е познат Macan, инженерите го адаптираа системот Porsche Active Suspension Management на специфичните потреби задржувајќи ја технологијата на дво-вентилски комори, воздушно потпирање, блокада на задните тркала за тешки услови на возење и, за прв пат, управување со задната оска.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER