Porsche Driver Experience – Дебитира во Cayenne

Дигитализација на кабината

Четвртата генерација на Cayenne ќе биде претставена на 18 април на саемот за автомобили во Шангај.

Пред светската премиера Porsche даде преглед на интериерот, поточно на предната конзола. Новата иновативна архитектура за внатрешноста наречена е  Porsche Driver Experience. Со целосното дигитализирање се овозможува разновидна индивидуализација и интуитивно ракување. Porsche Driver Experience го сочинува новата контролна табла составена од три екрани, а еден е поставен пред совозачот.

Таблата со инструменти сега е целосно дигитална, составена од лебдечки, заоблен дисплеј од 12,6 инчи без покривен елемент, со што му дава модерен, тенок изглед. Во зависност од нивото на опремата, возачот може да избере до седум прегледи на инструмент групата. Централниот дисплеј со висока резолуција од 12,3 инчи е контролниот центар на Porsche Communication Management (PCM).

Како и досега, возачот овде може да управува со бројни функции за возење и удобност, како и со стандардната онлајн навигација и мултимедијални функции. Новост е опцијата за трет екран поставен пред совозачот. Тој е обложен со специјалена фолија па содржината што се прикажува на 10,9-инчниот дисплеј не може да се види од возачкото седиште. Ова му овозможува на совозачот да гледа дури и филм додека возилото е во движење, без да му го одвлекува вниманието на возачот.

Со новата конципираност на интериерот, селекторот на автоматскиот менувач е позициониран на десната страна од воланот. Направената миграција овозможува  да се добие повеќе простор на централната конзола. Таму е сместен контролниот панел за климатизацијата, сега има поголем простор за складирање и лоцирано е местото за индуктивно полнење на паметен телефон.

Сепак, Apple Carplay и Android Auto може да се користат само ако паметниот телефон е приклучен со кабел. Поддржани се апликации како Spotify или Apple Music. Целиот систем е снабден со ажурирања „преку воздух“, на пример, за тековните мапи за навигација. Возачот може да избере до седум различни прикази на неговиот екран. Ова исто така вклучува симулација на класичните пет тркалезни инструменти на Porsche.

Четвртата генерација на најпродаваниот модел на Porsche ќе биде последниот голем теренец на марката што ќе биде опремен со мотор со внатрешно согорување. Наследникот ќе биде чисто електричен.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER