Porsche Driver Experience – Во новата Panamera

Новата генерација на Porsche Panamera ќе биде претставена наскоро, а во неа е вграден Porsche Driver Experiencе контролниот концепт

Спортска и луксузна, тоа е најкусиот можен опис на лимузината Panamera. И во следната генерација тој имиџ ќе биде задржан со потентните двигатели и висококвалитетниот спортски внатрешен амбиент. Контролниот концепт што Porsche ќе го користи во новата Panamera за прв пат беше претставен во Porsche Taycan. Создаден да направи баланс помеѓу аналогното и дигиталното, ги маѓепса сите што го имаат доживеано искуството на неговото користење.

Клучна карактеристика на Porsche Driver Experience е групирањето на контролните елементи релевантни за возење во непосредна близина на воланот. Затоа, сите основни функции се брзи, интуитивни и лесно пристапни за возачот. Ова ќе го поедностави користењето на новата Panamera во сите ситуации на возење, а особено при динамично возење. Ориентираноста на системот кон возачот се манифестира во многу детали. Porsche ги постави прекинувачите за навигација и избор на програми за возење директно на воланот, а прекинувачот на менувачот се наоѓа до него.

Ваквиот пристап овозможува простор на централната конзола за поставување на елегантна контролна табла за климатизација која ги комбинира површините на допир и физичките прекинувачи во решение кое е интуитивно и истовремено елегантно. Покрај тоа, просторот за складирање во централната конзола нуди повеќе простор отколку порано. Дигиталната група на инструменти ја нагласува ориентираноста кон возачот. Екранот од 12,6 инчи се карактеризира со заоблен и слободно поставен дизајн. Porsche јасно ги структурира информациите за возење прикажани на него во три области, за кои се можни различни конфигурации во зависност од опремата и избраниот приказ. Дополнителниот, опционален head-up дисплеј може да се ракува директно од спортскиот волан.

Јасниот дизајн и луксузните материјали создаваат висококвалитетен и спортски амбиент во внатрешноста на новата Panamera. Porsche за прв пат го опремува моделот со континуирано амбиентално осветлување по целиот панел, нагласувајќи ја широчината на возилото. Executive моделите на Panamera располагаат со нов контурен систем на задните седишта, кој нуди оптимизирана положба на седење. Ова обезбедува патниците пристигнуваат уште порелаксирано на дестинациите по долго возење. За прв пат, Porsche нуди и опрема без кожа во Panamera со комбинирање на спортските материјали како Race-Tex и ткаенината Pepita. Повеќе детали за новата генерација на Porsche Panamera ќе имаме по официјалната промоција закажана за 24. ноември.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER