Порше Клуб Македонија – Drive Smart – Drive Safe

Порше Клуб Македонија заедно со АМСМ и МВР промовираа нов стандард за групно безбедно возење

Денеска присуствувавме на уникатен настан за целиот балкански регион каде за прв пат клуб на автомобилски ентузијасти, во соработка со АМСМ и МВР организираа едукативен настан кој поставува нови стандарди за безбедност и култура во организирани автомобилски настани и правила на возење во група.

Порше Клуб Македонија е веќе добро познат и етаблиран во нашето општество, кој обединува сопственици на престижните спортски модели од Цуфенхаузен

и го негува животниот стил типичен за марката, обединети во официјално признаениот и прифатен клуб од Porsche AG.

Овој клуб заедно со АМСМ, како единствена мобилити членка на FIA (Светската автомобилистичка федерација) од Македонија и во соработка со Министерството за внатрешни работи, го организира едукативниот настан

„Вози Умно – Вози Безбедно“ (Drive Smart – Drive Safe), посветен на безбедното управување на спортски автомобили при групно возење и правила за организирање на групни автомобилски настани.

На самиот почеток претседателот на Порше Клуб Македонија, г-дин Љупчо Грујовски, ги сподели богатите искуства кои се стекнати преку бројните групни возења кои членовите ги имаат реализирано во земјава и странство.

Тој акцентираше дека во ниту едно од нив немало ниту еден сообраќаен инцидент благодарение на добрата организација и, пред сé, дисциплина на учесниците.

Претставникот на АМСМ, Давид Тренчевски сликовито ги илустрира основните правила за организација и реализација на групни возења автомобилски настани во земјата, особено во ситуации каде повеќе возила учествуваат во организирано движење низ градски услови, но и услови на возење

на магистрален и автопат нагласувајќи ги основните и напредни правила за движење во колона, комуникација и координација помеѓу возачите,  безбедносни протоколи при групно и парадно возење како и препораки од институции и експерти за намалување на ризиците во сообраќајот.

Посебно интересно обраќање имаше м-р Маја Арсовска-Манов, Начелник на Сектор сообраќајни работи во Министерството за внатрешни работи. Покрај запознавањето со легислативата која ги регулира овие настани, обврна посебно внимание на важноста на ангажирање професионалци кои со своето знаење знаат како да ја формираат групата во сите услови на возење и да ја одржат компактна.

Токму компактноста на групата ја одржува формацијата, брзината на движење и безбедноста на учесниците во групата и останатите учесници во сообраќајот. Посебно вознемирувачка беше статистиката за фатални последици при сообраќајни несреќи, која во нашата земја е на извонредно високо ниво.

Во периодот 2010-2025 година дури 2.294 наши граѓани ги загубиле животите во сообраќајот. Преку оваа иницијатива, Порше Клуб Македонија ја потврдува својата посветеност не само кон автомобилската култура и заедницата, туку и кон одговорно и безбедно учество во сообраќајот.

Соработката со АМСМ, како дел од FIA, и Министерството за внатрешни работи, дополнително ја нагласува важноста на институционалната поддршка во едукацијата и подигнувањето на јавната свест за безбедноста на патиштата.

„Drive Smart – Drive Safe“ е дел од годишната програма на клубот и претставува еден од клучните настани во насока на професионализација и унапредување на клубските активности. Од нас честитки за иницијативата и за важниот придонес во безбедноста при групни возења.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER