Porsche Cayenne Turbo E-Hybrid – Најмоќниот теренец од Цуфенхаузен

Добрата вест за љубителите на брзите теренци доаѓа од Porsche кој ја засилува својата понуда на Cayenne.

Верзијата со приклучен хибрид располага со 729 КС и 949 Nm, а ќе почне да се продава во почетокот на идната година. За оваа пригода Turbo E-Hybrid добива поголема батерија и за 10 проценти повеќе сила од Cayenne Turbo S E-Hybrid кој има 679 коњи.

Моќта доаѓа благодарение на детално ревидираниот V8 мотор од четири литри со двоен турбо полнач кој сам произведува 599 КС. Комбинацијата со електричен мотор од 130 kW кој се напојува со нов пакет батерии од 25,9 kWh сместени под багажникот го прави најсилен Cayenne. Благодарение на неговата импресивна моќ, теренецот може да забрза од 0 до 100 км/ч за само 3,7 секунди и достига максимална брзина од 295 км/ч.

За да се контролира таа моќ, Cayenne Turbo E-Hybrid стандардно доаѓа со нова воздушна суспензија со две комори и два вентили. По темелните тестирања од Porsche гордо истакнуваат дека оваа технологија овозможи да се дизајнира спортско-корисно возило кое е поудобно во секојдневното користење, воедно да биде извонредно погоден за максимални оптеретувања, па дури и за патека.

Во комбинација со стандардниот Porsche Torque Vectoring Plus и опционалното управување на задната оска, Cayenne треба да биде застрашувачки и грациозен. За визуелно да ги истакне своите перформанси, Cayenne Turbo E-Hybrid доби предна маска која има големи доводи за воздух и преден спојлер во високо-сјајна црна боја. Од друга страна, лаковите на тркалата и долната задна табла ја задржаа бојата на каросеријата, за да му дадат изглед со високи перформанси. Двојните издувни цевки се изработени од брусен алуминиум.

Во внатрешноста аплицирани се алуминиумски облоги на вратите, а Race-Tex облогата на покривот ќе му даде спортски чувство. Предните седишта се обложени со кожа и прилагодливи се во 18 насоки, но може да се изберат и комфорни кожни седишта прилагодливи во 14 насоки.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER