T-Hybrid е новиот погон резервиран за обновениот 911 во три верзии, со кого Porshe останува верен на перформансите и согорувањето
Како што доликува на една автомобилска икона чија кариера трае повеќе од шест децении, остана верна на класичните вредности, но за воља на трендовите, на помош го повика електричното зајакнување. Тоа е симболично и вградено е само да ги задоволи екологистите и да ги засили перформансите.
Трите премиерни изведби, GTS, Turbo и Targa имаат придобивки кои на хартија изгледаат оскудни. Моќта бележи само три коњи повеќе и сега се хомолигарините 485 КС кај GTS со погон на задните тркала имаат идентичен вртежен момент од 570 Nm. Сепак одземена е една турбина.
Во претходната поставка моторот имаше твин-турбо, а сега сето пумпање е препуштено на еден турбо понач кој може да се врти електронски за да се елиминира заостанувањето, а исто така ја користи енергијата од издувните гасови за полнење на батерија од 1,9 kWh и 400 волти сместена во багажникот. Срцето на T-Hybrid е ново развиениот 3,6 литрен боиксер мотор. Батеријата го напојува електричниот мотор интегриран во осум-брзински PDK менувач.
Без електрична помош моторот испорачува 485 КС и 570 Nm што е зголемување во однос на претходниот GTS за 61 КС. Системот исфрла дополнителни 40 kW и 149 Nm вртежен момент, помагајќи на погонската група да постигне вкупна моќност од 540 КС и 609 Nm. Со тоа се апсолвира спринтот до 100 км/ч за три секунди. Изведбата Turbo е со погон на сите тркала. Само на струја благиот хибрид овозможува поминување до седум километри.
Porsche не кажува колку е побрз од GTS кој достигнува максимални 312 км/ч, додека Turbo бележи крајни 320 км/ч. Веќе од порано беше познато дека првиот хибриден 911 нема да биде со приклучен хибрид, поради сочувувањето на тежината. Carrera доаѓа само со PDK менувач со двојна спојка и не претрпе никаква драматична трансформација. Coupe, Cabriolet и Targa верзиите на новите Carrera и GTS изведби се достапни веднаш, но можеме да очекуваме дека Porsche ќе ја прошири гамата со ажурирање на останатите три модели на семејството T, Turbo и GT3 во следните три години.
Сите доаѓаат со LED матрични фарови со четири точки. Забележлива е новата задна решетка со капак со пет вертикални линии на секоја страна, а натписот Porsche сега е осветлен и вграден во попречната светлосна лента што ги поврзува задните светла. Ако има една работа во врска со новата 911 која гарантира дека ќе ги разбесни тврдокорните фанови на Porsche, тоа е начинот на кој го будите автомобилот.
Тоа е копчето за стартување, слично како кај Taycan. И еве уште еден голем пресврт во традицијата. Сите модели на купе 911 сега доаѓаат стандардно со само две седишта, конфигурација претходно резервирана за модели како што се GTS купе, GT2, GT3 и Turbos со Lightweight Пакет.
Но, ако сакате можете да изберете пакет 2+2 без дополнителни трошоци. Вклучен е 12,6-инчен дигитален дисплеј за инструментите, кој нуди до седум различни стилови на приказ од кои едниот ја карактеризира иконската поставеност со пет инструменти која е камен-темелник на возачкото искуство речиси 60 години. Испораките на трите електрифицирани мускетари на Porsche 911 ќе започнат оваа есен. Според Porsche Center Skopje, во Македонија електрифицираниот 911 ќе пристигне во четвртиот квартал на годинава.