Porsche во 1975-тата го шокираше светот кога болид за Леман преработи за легална употреба на патиштата. Тогаш на барање на претседателот на дистилеријата Martini, Грегорио Роси ди Монтелера, беше преработен болидот на 917 со број на шасија 30.
Возилото според законот доби ретровизори, трепкачи, сирена, резервно тркало и придушувач во издувниот систем но во душата остана чистокрвен тркачки болид. Затоа и никој во Европа не се осмелуваше да му издаде хомологација, по што грофот Роси го однесе преку океанот и го регистрираше во Алабама. Возилото и денес е во возна состојба и во сопственост на семејството Роси.
Сега историјата се повторува – компанијата од Цуфенхаузен ќе го направи истото со болидот 963. Како, ќе дознаеме идниот месец.


