Porsche 911 Turbo – 45 години на стероиди

Вести Занимливости

Од лудост до техничка перфекција


Кога се појави на пазарот во 1975 година верзијата со турбо компресор се сметаше дека е направена само за трки!

објавено 31.07.2020

Средината на седумдесеттите години на минатиот век беше вовед во една од највитешките периоди во автомобилизмот и автомобилистичкиот спорт. Тогаш сите ги поместуваа границите на своите модели а техничките одделенија се трудеа да постигнат што повеќе сила и да ги поместат границите на динамиката. Еден од предводниците на турбо ерата кај автомобилите несомнено беше Porsche кој во 1975 година го лансира моделот 930, а во САД истиот се продаваше како 911 Carrera Turbo и располагаше три литрен шест цилиндричен боксер мотор со 260 коњи. Имаше неколку еволуции и стана вистинска икона од која компанијата од Цуфенхаузен не само што не се откажа туку успешно ја одржува во живот цели 45 години. Денеска Porsche 911 Turbo е спортски автомобил со високи перформанси, со секојдневна употребливост и се вбројува во групата на најпосакувани спортски автомобили.

И последната генерација која неодамна се пушти во продажба ја задржа архитектурата на шест цилиндри но зафанината е зголемена на 3,8 литри. Наместо една има две симетрични електрично контролирани турбини, 580 КС и мамутски вртежен момент од 750 Nm доволни да ја катапултираат каросеријата од мирување до стотка за 2,8 секунди и стрелката на брзинометарот да се искачи до бројката 320. Преносот на силата е преку осум степениот PDK менувач.

Продажбата на легендата оди како никогаш до сега бележејќи пораст секоја година и допринесувајќи значајно во позитивниот биланс на компанијата која во првата половина на тековнава година, која сеуште е оптеретена со вирусот Ковид 19, забележа оперативен профит од 1,2 милијарди евра а менаџментот одлучи да инвестира нови 15 милијарди евра во иднината на мобилноста во следните пет години.

Во прилог ве потсетуваме на нашиот тест кого го направивме лани на патеката Navara Circuit. Не е издвоено видеото од емисијата па може да го стартувате од 20-та минута.