Најпосакуваниот 911 оди во производство
На одговорните во Цуфенхаузен не им требаше долго време да одлучат најпосакуваниот 911 да отиде во производство
Објавено на 4 октомври 2018 година
И тоа се случи – концептот покажан по повод славењето на 70-тиот роденден ќе стане сериски модел. Кога јавноста во јуни го виде Porsche 911 Speedster, веднаш го прогласи за најпосакуван 911, ако не во историјата тогаш барем во сегашноста. Но одговорните во Цуфенхаузен како да беа зашеметени од славеничката торта и не ги препознаа веднаш сигналите на пазарот. Неправдата према фановите на марката, посебно оние со подлабок џеб, сега е исправена – 911 Speedster оди во сериско производство како лимитирана серија од 1.948 примероци. Шасијата ја позајми од Carrera 4 Cabrio, но без ослонувањето и погонскиот склоп кој со своите 500 коњи беше трансплантиран од GT3. Веќе тоа ветува солидно задоволство на оние што за него ќе платат толку колку што ќе им побараат.
Видео