Porsche 911 – Dakar

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Пустинска лисица

Porsche 911 во својот животен век има повеќе модели и изведби, но една од најинтригантните е неговата рели верзија. Во далечната 1984 година марката дебитира на релито Париз-Дакар, воедно тоа беше роденденот на погонот на сите тркала во 911. Плановите за претстојниот Лос Анѓелес Мотор шоу беа обелоденети во Цуфенхаузен од каде е најавена лимитирана на 2.500 примероци модерна верзија на 911 Dakar. За да ги издржи предизвиците за теренско возење направени се повеќе модификации во однос на класичното дотерување. Каросерија е за пет сантиметри издигната од тлото во однос на 911 Carrera. Згора на тоа, системот за подигање на каросеријата овозможува осцилирање на растојанието од тлото за дополнителни 30 милиметри со што се добива проодност на класично спортско корисно возило. Со избирањето на највисокото ниво тоа функционира до брзина од 170 км/ч, над која растојанието автоматски „тоне“ до нормала. За кревање облаци песок задолжен е шест цилиндерскиот три литрен би-турбо со 480 КС кој испорачува 570 Nm со што забрзува до стотка за 3,4 секунди и достигнува максимални 240 км/ч, кои, патем речено, се електронски ограничени поради теренските пневматици. Преносот е на сите тркала се одвива преку осум степениот PDK менувач со двојна спојка. Во однос на останатите 911-ки, Porsche 911 Dakar има два допонителни модуси на возење, Off-road i Rallye. Повеќе од јасно е дека Оff-road модот ја користи сета сила на потпирањето, додека Rallye е наменет за возење по макадамска подлога, кога повеќе сила испорачува на задната оска и дозволува пролизгувања во кои се „крстат“ вистинските возачи. Дел од стандардната опрема е Porsche Dynamic Chassis Control и управувањето со задните тркала. Носачот на моторот Porsche 911 Dakar го превзема од 911 GT3, a Launch control дозволува молку повеќе пролизгување на тркалата за оптимално забрзување на макадамска и „мека“ подлога. Поради авантуристичкиот дух понуден е покривен шатор како и покривен носач за дополнителен багаж кој може да понесе 45 килограми. Помеѓу дополнителните опции е Rallye Design Package во кого се вклучени двобојна каросерија и „стартниот број“ кого го бира купувачот, но ограничен е помеѓи бројките од 1 до 999. Овој егзотичен Porsche ќе дојде на пазарот во мај вгодина и без додатоци ќе чини повеќе од 250.000 евра.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 85.50 ден
  • еуросупер 98 - 88.00 ден
  • еуродизел Д5 - 98.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER