Porsche со рекорд » За десет проценти поголема продажба

Top News Занимливости

За десет проценти поголема продажба

Објавено на 14 јануари 2020 година

Минатата година Porsche ќе ја памети – испораките на марката која некогаш беше спортска а сега е луксузна пораснаа за 10 проценти, на вкупно 280.800 возила. Најголема заслуга за тоа ја има Cayenne кој стигна до 92.055 купувачи ширум светот, што е за цели 29 проценти повеќе. Одличен е и Macan со 99.944 испораки, кои се за 16 поголеми отколку претходната година. Но сето ова ќе остане во сенка на претстојниот Taycan, кој веќе навести светла електрична иднина за марката. Ако сепак се задржиме на сегашните бројки, доста значајно е тоа што Porsche порастот на продажбата го оствари на домашниот и европскиот пазар, каде испораките пораснаа за 15% односно на 31.618, односно 88.975 возила. Секако, влијание имаше и Кина каде се испорачани 86.752 возила, што сепак е за скромни осум отсто повеќе во однос на другите бројки. Истиот процент е постигнат и во САД, каде продажбата забележа бројка од 61.568 возила. Porsche добро помина и во остатокот од светот – азиско-пацифичкиот, африканскиот и регионот на Блискиот Исток, каде со пораст од седум отсто беа испорачани 116.458 возила.

 

клучни зборови: